НАЈГОЛЕМОТО дерби во холандскиот фудбал, натпреварот помеѓу Ајакс и Феенорд, беше прекинат во 55. минута поради нереди на локалните навивачи кога Феенорд водеше со 3:0. Требаше да биде празникот на холандскиот фудбал, големиот Де Класикер, но мечот неколку пати беше прекинуван поради лудилото на навивачите, a конечнaта одлука беше донесена во 55. минута.
Ајакс против Феенорд најпрво беше прекинат доцна во првото полувреме кога навивачите на Ајакс го преплавија теренот со ракети, при што еден падна многу блиску до гостинскиот голман Тимон Веленројтер.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Паузата траеше десет минути, а потоа првото полувреме беше приведено кон крајот. Сепак, во 55. минута навивачите на Ајакс уште еднаш го опсипаа теренот со факели, по што судијата Сердар Гозубјук ја прекина играта.
ВИДЕОТО можете да го погледнете ТУКА