Дома Фудбал Погба е цело време повреден, а сега сака да си замине од Јувентус?!

Погба е цело време повреден, а сега сака да си замине од Јувентус?!

Јувентус минува низ турбулентен период поради финансиските малверзации за кои доби казна од 15 бодови, а би можел да биде исфрлен и од европските натпреварувања во следните три години.

Дел од фудбалерите имаат намера да го напуштат клубот, а еден од нив е францускиот фудбалер Пол Погба, кој не одигра ниту минута по доаѓањето во Торино.

Погба е повреден, но во моментов ги разгледува опциите за неговата иднина, а заедно со него би можеле да си заминат и Војчех Шчесни и Вестон Мекени.

Јувентус се жали поради одлуката на Фудбалскиот сојуз на Италија, но мала е веројатноста дека ќе се спаси од одземањето на бодови, поради кои испадна од трката за топ-4 во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем повторно го мерка Гуири, но прво мора да ослободи место во нападот

Амин Гуири останува опција за Тотенхем во јануари, но евентуалното заминување на Ришарлисо…