Дома Фудбал Повеќе не е истиот играч: Пике беше очаен против Интер

Повеќе не е истиот играч: Пике беше очаен против Интер

Барселона во 4. коло од Лигата на шампионите ремизираше 3:3 со Интер на „Камп Ноу“ и после освоениот бод Каталонците имаат мали шанси за поминување на нокаут фазата.

Изминатата вечер очајно изгледаше Жерар Пике. 35-годишниот дефанзивец игра далеку од нивото на кое беше некогаш. Џеко и Лаутаро лесно добиваа дуели, а виновник беше и за два гола на Интер.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


При првиот гол на Интер очигледно не беше свесен каде се наоѓа и дали има некој зад себе, а потоа се обиде да направи офсајд замјка за Лаутаро иако Аргентинецот беше на својата половина.

Во уште неколку ситуации Пике изгледаше изгубено на теренот, далеку од нивото на кое треба да биде еден стопер на Барселона. Веќе долго време Пике е тема на медиумите поради раскинувањето со Шакира и веројатно таа ситуација оставила трага и влијае на неговите настапи.

Уште еден удар Пике доби од навивачите кои му испраќаа свирежи и сигурно не очекуваше дека во залезот на своето време во Барселона ќе поминува низ ваков период. Пике беше дел од една од најголемите генерации на Барселона и со овој клуб освои апсолутно се, но тоа време одамна помина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…