Дома Фудбал Останато Повеќе нема дилеми: Се огласи и Алонсо за својата иднина!

Повеќе нема дилеми: Се огласи и Алонсо за својата иднина!

Шпанскиот стратег на клупата на Леверкузен, Чаби Алонсо потврди дека и следната сезона ќе остане на клупата на тимот и покрај интересот на Ливерпул и Баерн Минхен.

Германските медиуми претходно објавија дека Алонсо го известил раководството на Баерн Минхен дека ќе остане во својот клуб, а сега и самиот Алонсо на прес-конференција потврди дека останува во Леверкузен.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Сакав да ја искористам репрезентативната пауза за да размислам малку подобро. Минатата недела имав добар состанок со клупските челници и одлучив да останам во Баер Леверкузен“, изјави Алонсо.

Чувствувам дека ова е вистинското место за мене како млад тренер“, додаде 42-годишниот Шпанец.

Алонсо на тој начин стави крај на шпекулациите кои го поврзуваа со преселба во Ливерпул или Баерн Минхен. На прес-конференцијата не сакаше премногу да зборува за овие два клуба.

„Тоа се клубови со кои имам силна врска, играв таму, па ги почитувам, но не е коректно сега да се зборува за нив. Јас сум на вистинското место и сакам да продолжам да растам со клубот, со играчите, да учам од нив“, изјави Алонсо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гвардиола доби лоши вести по поразот од Ал-Хилал: Полошо не може од ова!

Манчестер Сити синоќа го заврши своето натпреварување на Светското клупско првенство со не…