Барселона денес јавно потврди дека постигнала дововор со Нејмар за продолжување на соработката, а договорот официјално ќе биде потпишан во петок.
Иако од клубот не ги обелоденија деталите од договорот, шпанските медиуми тврдат дека Нејмар годишно ќе заработува 25 милиони евра, или 480.000 евра неделно.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во договорот ќе има откупна клаузула од 200 милиони евра која секоја година ќе расте, па за три години треба да достигне до неверојатни 250 милиони евра.
Иако станува збор за навистина астрономски цифри, сепак најважно за Барса е што успеа да ја задржи ѕвездата во своите редови, а новиот договор ќе биде со важност до 2021 година.