Изгледа и дефинитивно, Езгјан Алиоски ќе има нов клуб во наредната сезона.
Најновите информации од Англија говорат дека Алиоски ја одбил и последната понуда од Лидс, а клубот повеќе нема намера да преговара.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Џани очигледно решил да го напушти „Еланд Роуд“ на крајот на оваа сезона. Засега не е познато каква била понудата од Лидс за новиот договор.
Кога во прашање е новата дестинација на Алиоски, најмногу се поврзуваше со Галатасарај. Турските медиуми пред некоја недела тврдеа дека преговорите одат во добра насока, а вчера се појави и информација дека Алиоски одбил понуда од Трабзон.
Сезонава Алиоски во редовите на Лидс од првата минута започна 23 од 32 натпревари на Лидс, а на најголемиот дел од нив играше како лев бек.
Ќе потсетиме во Лидс Алиоски пристигна пред четири години од швајцарскиот Лугано.