Дома Трансфер зона Повеќе нема дилеми: Агентот на Кутињо ја потврди иднината на Бразилецот

Повеќе нема дилеми: Агентот на Кутињо ја потврди иднината на Бразилецот

Aгентот на Фелипе Кутињо, Каи Јорбачијан тврди дека Бразилецот ќе остане во Барселона во сезоната 2020/2021.

Бразилскиот офанзивец минатата сезона беше позајмен во Баерн и со германскиот клуб освои тројан круна (Бундеслига, германски куп и Лига на шампиони).

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Уште додека се играше сезоната 28 годишниот фудбалер се поврзуваше со англиските клубови, меѓутоа тоа изгледа нема да има ништо. Барем така тврди неговиот агент.

„Куман го повика веднаш после финалето во Лигата на шампионите и му кажа дека ќе смета на него. Веќе започна да тренира со Барселона. Сигурен сум дека ќе остане. Во Барселона се променија многу работи и сега играчите како Кутињо, Дембеле и Гризман се дел од тимот“, изјави агентот на Бразилецот.

Договорот на Кутињо истекува летото 2023 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…