Дома Фудбал Англија Побуна во Арсенал: Секоја година исто, немаме никаква визија!

Побуна во Арсенал: Секоја година исто, немаме никаква визија!

Ова требаше да биде таа сезона кога Арсенал конечно ќе се бори за титулата во Премиер лигата. Без настап во Лигата на шампиони,со еден од најдобрите европски напаѓачи и тим кој е гладен за резултати, „топџиите“ изгледаа спремни за големи нешта.

Меѓутоа, после само три одиграни кола во новата сезона јасно е дека од тоа нема да биде ништо. Арсенал игра очајно, резултатите се лоши, а дебаклот против Ливерпул само додатно ја влоши и онака нарушената атмосфера во клубот.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека играчите се шокирани од реакцијата на Венгер после 4:0 на „Енфилд“. Тие очекувале менаџерот конечно да превземе барем дел од вината, но Французинот после натпреварот истакна дека неговите фудбалери играле лошо.

Новинарите кои го следат Арсенал тврдат дека играчите го почитуваат Венгер, но повеќе не веруваат дека тој е човекот кој може да го извлече клубот од летаргија. Играчите се жалаат на монотоните тренинзи и недостатокот на мотивација и амбиција на клубот.

„Тешко е да се поверува дека сопственикот Стан Кронке ќе го смени Венгер бидејќи тој е негов голем поддржувач. Но доколку продолжи вака и тој ќе мора да понуди некои одговори“, пишува Дејли Мејл.

Два дена пред крајот на преодниот рок на Арсенал му се потребни нови засилувања, а Венгер работи на продажба на играчи. Окслејд Чемберлејн е продаден во Челзи, Мустафи е пред трансфер во Интер, а Лукас Перез најверојатно ќе се врати во Шпанија.

Во сезоната од која сите очекуваа да биде пресвртница, Арсенал ја започна на најлош можен начин!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познато колку Јунајтед треба да му плати на Тен Хаг ако го отпушти

Раководството на Манчестер Јунајтед ќе треба да исплати отштета од околу 17,5 милиони фунт…