Дома Топ вести Планот за реконструкција на Реал: Продажба за 200 милиони евра, купување за 300!

Планот за реконструкција на Реал: Продажба за 200 милиони евра, купување за 300!

Реал Мадрид сигурно ќе биде еден од најактивните клубови во текот на летниот преоден рок, но „кралевите“ сигурно ќе внимаваат да останат во границите на финансискиот фер-плеј за потоа да не добијат некакви санкции, познато е во каков проблем може да се најде Сити оваа сезона (тука).

Во Реал според информациите од Шпанија имаат план според кој ќе ги купат потребните засилувања и ќе останат во дозволените граници. Планот на Реал е да продаде играчи и да додаде уште 100 милиони евра со што би се затворила реконструкцијата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Наводно, во Реал ќе се обидат да инкасираат 200 милиони евра од играчи кои Зидан ги смета за непотребни, а ако го дадеме горенаведеното доаѓаме до бројка од 300 милиони евра. Тука не се пресметани сумите на Родриго и Милитао играчи кои Реал веќе ги обезбеди за вкупни 95 милиони евра. Станува збор за дополнителни 300 милиони.

Раководството на „кралевите“ има намера да ги продаде: Герет Бејл, Дани Себаљос, Кејлор Навас, Маркос Љоренте, Маријано Диаз, Мартин Одегард...И на тој начин да заработи околу 200 милиони евра. Повеќе од половина од тие 300 милиони би можеле да бидат потрошени на Еден Азар и Лука Јовиќ кои се блиску до трансфер во Мадрид.

За Белгиецот и Србинот Реал би потрошил помеѓу 150 и 200 милиони евра. Исто така се очекува доаѓање на уште еден играч за врска, за таа позиција засега најмногу се споменува Пол Погба.

Останува летниот преоден рок да покаже дали плановите на Реал ќе бидат реализирани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…