Дома Фудбал Италија Пирло: Ова е вистинскиот Јувентус

Пирло: Ова е вистинскиот Јувентус

Jувентус вчера го победи Интер со 1:2 во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија.

Андреа Пирло беше многу задоволен од претставата на своите избраници и истакна дека ова е вистинското лице на Јувентус, а не тоа од претходниот меч против Интер.

„Во тој натпревар не личевме на себе. Меѓутоа, тогаш зедовме поуки и тоа многу ни помогна. Се уште не сме постигнале ништо, но се гледа дека кога сме концентрирани, на сите им е тешко да играат против нас. Ова е нашето вистинско лице, ги знаеме нашите силни страни“, изјави Пирло.

„Можеби победата над Наполи во Суперкупот беше пресвртна точка за нас. Кога го подигнавме трофејот си докажавме на себе си колку сме силни“, додаде Пирло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Овие тројца сакаат да си заминат од Барса, ги нема на вечерниот список!

Барселона остави широко отворени врати за заминување на тројца фудбалери. Тоа се Алехандро…