Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло ја коментираше средбата помеѓу претседателот Андреа Ањели и бившиот тренер на „бјанконерите“ Макс Алегри.
Средбата ги разгоре шпекулациите дека Алегри може да се врати на кормилото на Јувентус, а Пирло тврди дека знаел дека двајцата ќе се сретнат.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Бев известен за таа средба лично од претседателот. Тие се пријатели и тоа се нормални нешта. Надвор од фудбалот пријателството останува. Ако јас утре одам на вечера со Паоло Малдини веднаш ќе почне да се зборува дека Милан ме сака за тренер“, изјави Пирло.
#JuveNapoli #Pirlo: “Agnelli mi ha avvertito dell’incontro con Allegri. Sta a me meritare la conferma” https://t.co/NYdmNEhxdC #serieA
— LaGazzettadelloSport (@Gazzetta_it) April 6, 2021