Лошите резултати на Тотенхем ќе имаат свои последици кои ќе ги видиме во следниот трансфер период, се споменуваат пет имиња кои би можеле да ги напуштат „петлите“ во јануари.
Покетино наводно не смета на Ериксен, Орие, Дајер, Ваниама и Роуз. Пиоли како засилувања за својот тим гледа двајца од списокот, тука се Дајер и Орие. Дајер во целост ја загуби довербата кај аргентинскиот тренер со доаѓањето на Ндомбеле, репрезентативецот на Англија нема висока цена, бидејќи неговиот договор истекува за година и пол дена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Втората цел на новиот тренер е Серж Орие, играчот успеа да се избори за стартните 11 кај Покетино, но фудбалерот со потекло од Брегот на Слоновата Коска продолжува да докажува дека главата не му е посилна страна. Во минатото коло од Премиер лигата заработи два жолти картони за четири минути, додека во дуелот против Баерн покажа тенденција кон тешки стартови, што најдобро го почувствува Давид Алаба.
Италијанските медиуми пишуваат дека „жртва“ на овие трансфери би бил Франк Кеси, кој би бил продаден или понуден на Тотенхем во размена на играчи.