Дома Фудбал Италија Пиоли: Потребни се уште две засилувања

Пиоли: Потребни се уште две засилувања

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли во интервју за „Газета дело Спорт“ посочи какви засилувања очекува до крајот на преодниот рок.

Милан ова лето ги донесе Адли, Ориги и Де Кетелар, но Пиоли истакна дека очекува уште две засилувања.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Бараме две засилувања, дефанзивец и играч за врска. Не бараме копија на Кеси, тоа е невозможно. Бараме играч за врска со други карактеристики, експлозивност и техника. Со две засилувања ќе го комплетираме тимот“, изјави Пиоли.

„Оваа сезона сме уште посилни и ќе се бориме за да го одбраниме Скудетото, но и да напредуваме во Лигата на шампиони. Де Кетелар брзо се вклопи во тимот, тој е мешавина на Хаверц и Кака, ќе ни помогне многу во офанзивата“, додаде Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Moжеше да бира за која репрезентација да игра, ја избра Италија и – многу погреши!

Во животот не секогаш се оди според план, а оваа вистина најдобро ја почувствува на своја …