Дома Фудбал Репрезентации Пикси пред промоција на клупата на Србија: Познати и деталите од договорот

Пикси пред промоција на клупата на Србија: Познати и деталите од договорот

Со месеци веќе трае сагата околу тоа кој ќе биде нов селектор на Србија. Се споменуваа неколку имиња кои би можеле да го наследат Љубиша Тумбаковиќ, меѓутоа Драган Стојковиќ – Пикси и понатаму е прв фаворит.

Според последните информации кои ги објави „Спортски Журнал“ за Пикси е спремен договор од две години со плата од 600.000 евра годишно. Освен тоа во него ќе има и бонуси, а најголемиот е ако обезбеди со Србија пласман на Светското првенство во Катар. Во таква ситуација би добил дополнителен еден милион.


Чекаме казна за Даку! (ја дочекавме) ↓↓↓


Оваа сума е значително повеќе од платата која ја добиваше претходниот селектор Љубиша Тумбаковиќ – 360.000 евра годишно. Пикси би станал втор најплатен тренер во историјата на Србија. Најголем договор имал покојниот Радомир Антич со плата од 870.000 евра годишно, тој договор славниот стратег го доби после пласманот на Мундијалот во Јужна Африка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Модриќ беше запрашан дали се збогува со репрезентацијата. Еве што одговори

Репрезентацијата на Хрватска ремизираше со Италија 1:1 во последното коло од групата Б на …