Дома Топ вести Пике открива: Доколку останеше Гвардиола денес можеби ќе играв во друг клуб

Пике открива: Доколку останеше Гвардиола денес можеби ќе играв во друг клуб

pique

Фудбалерот на Барселона Жерар Пике даде интересна изјава за медиумите во Шпанија во која порача дека заминувањето на Пеп Гвардиола позитивно влијаело на неговата кариера во Барселона.

Пике откри дека Гвардиола ја изгубил довербата во текот на последната година од престојот на Шпанецот во Барселона и тој период го опиша како тежок за разлика од првите три сезони.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Гвардиола од играчите бараше 24/7 да размислуваат за фудбалот и тоа никако не можев да го разберам бидејќи воопшто не е во мојата филозофија. Од тој момент тој изгуби доверба во мене и одлучи да ме изостави за првенствениот натпревар против Реал“, изјави Пике.

Високиот дефанзивец кој веќе 10 години игра во Барселона наведе дека елиминацијата од Челзи во полуфиналето од Лигата на шампионите била причина за зголемување на проблемиот помеѓу нив двајца.

„Таа сезона многу размислував за животот и кариерата. Доколку останеше во Барселона можеби никогаш не би ја вратил неговата доверба, дури можеби сега и ќе играв во друг клуб. За среќа дојде Тито Виланова кој ме врати во почетниот состав“, заврши Пике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Нови проблеми за Анчелоти: Се повреди Мбапе

РЕАЛ МАДРИД ја прекина серијата од два порази во Лигата на шампионите со победата од 2:3 н…