После 12 години заеднички живот, Шакира и Жерар Пике се разделија.
Оваа вест беше потврдена и од двете страни пред околу една недела.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Новинарите на „Марка“ пишуваат дека Шакира двапати се обидела да се смири со Пике, но фудбалерот имал поинакво размислување. Кога пропаднал и нејзиниот последен обид следувала објавата за раскинување.
Во текстот на „Марка“ се наведува дека и покрај проблемите со кој се соочила Шакира го сака Пике и дала се од себе за да го спаси бракот, меѓутоа Пике бил цврсто решен во својата намера, а веќе некое време живее одвоено.
Желба и на двајцата е нивната разделба да не влијае премногу на нивните деца и наскоро се очекува парот да се сретне и да разговара како ќе се одвиваат работите со децата и на кој начин ќе продолжат.
После таа средба Шакира и Пике би требало да излезат со заедничка изјава на која ќе ги расчистат сите детали за јавноста.