Изјавата на Зинедин Зидан во медиумите предизвик голем број на коментари, а истата по вчерашниот натпревар на Барселона ја прокоментира и дефанзивецот Жерар Пике.
Зидан беше јасен, Реал нема да ја поздрави титулата на Барселона во „Ел Класико“ и тоа е негова одлука.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Коментарот на Пике по соопштувањето на оваа вест од страна на новинарите беше навистина интересен.
„Навистина Зидан така одлучил? Сега се расипавте, не ќе можам да спијам?“, во свој стил прокоментира Пике.
Барселона во вчерашниот натпревар славеше победа против Леганес од 3:1, а до нов хет-трик на оваа средба стигна првата ѕвезда на Каталонците Лионел Меси.