Дома Македонски спорт Мак ракомет Шест плус и „осумка“ на Кире по 30 минути против Финска!

Шест плус и „осумка“ на Кире по 30 минути против Финска!

Денес ракометната репрезентацијата на Македонија игра натпревар против Финска во рамките од квалификациите за Европското првенство.

На почетокот на мечот видовме игра гол за гол о така беше се до водството на Финска од 4:5. Од тогаш Македонија започна да игра подобро и со една серија од 6:0 стигнавме до 10:5. Финците дури тогаш го постигнаа првиот гол по пауза од неколку минути за 10:6 во 22. минута од мечот.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Финците во одбраната играа грубо па до таа 22. минута веќе изведовме 6 „седмерци“. На шест минути до крајот добивме уште еден пенал кој го реализираше Лазаров. Тогаш стратегот на Финска го повика првиот тајм-аут (12:6).

Тајм аутот не им помогна многу, па ние во последните две минути влеговме со предност од 14:8. Лазаров и понатаму беше енигма за гостинската одбрана.

Лазаров за едно полувреме постигна 7 гола, следуваше Кузмановски со 3, Бојан Маџовски два како и Талески, еден постигна Стоилов. На полувреме заминавме со водство од 16:10.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…