Дома Фудбал Перез: Зидан е благослов од небото!

Перез: Зидан е благослов од небото!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез не запира да го фали тренерот Зинедин Зидан кој синоќа ја освои 34-та титула со „кралевите“ во Примера.

Инаку за Зидан ова е 11-ти трофеј со Реал Мадрид, втор во Примера и три пати ја освои Лигата на шампиони.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Прочитав еден Твит кој вели дека Зидан освојува трофеј на секои 19 меча. Што уште може да се каже, освен дека тој е благослов од небото. Се надевам дека ќе биде со нас уште долго време“, истакна Перес.

„Специјално сакам да ги пофалам Бензема, Куртоа и Каземиро. Додека за Серхио Рамос можам да кажам дека е повеќе од капитен. Може да остане во Реал целиот свој живот“, додаде претседателот на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рој Кин: Ливерпул не е фаворит за титулата

Рој Кин го исклучи Ливерпул од трката за титулата во Премиер лигата, истакнувајќи дека еки…