Флорентино Перез не успеа да ја донесе својата најголема желба, Kилијан Мбапе на крајот се одлучи да го продолжи договорот со ПСЖ до 2025 година.
Многумина веќе го видоа Мбапе во дресот на ПСЖ се сметаше дека трансферот е скоро завршена работа, меѓутоа во Париз успеаа да го убедат да потпише до 2025 година.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Откако ја донел одлуката Мбапе го информирал и првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез.
„Сакам да ве информирам дека решив да останам во ПСЖ. Ви благодарам за шансата да потпишам за Реал Мадрид, за кој навивам од дете“, наводно му напишал францускиот ас на претседателот на кралскиот клуб.
Неколку дена подоцна се појави вест дека Перез решил да му се одмазди на Мбапе за прекршеното ветување. 24-годишниот, наводно, добил 40 милиони евра од Реал Мадрид во декември за потпишан преддоговор и морал да почека до летото за сето тоа да се официјализира. Сега Перез преку своите соработници извршил притисок Мбапе да ги врати 40 милиони евра.
За потсетување, според некои информации, Мбапе добил бонус од 300 милиони евра само за потпишување договор со ПСЖ, а ќе заработува 50 милиони евра годишно.