Дома Трансфер зона Перез и Зидан донеле одлука: Одредена цената на Бејл

Перез и Зидан донеле одлука: Одредена цената на Бејл

Герет Бејл повторно на големо се поврзува со заминување од Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сезонава Велшанецот одигра само 14 натпревари и постигна два гола и многу веројатно на лето ќе биде продаден. Бејл со Реал има договор до 2022 година и во Мадрид има плата од 15 милиони евра по сезона.

Неговиот агент постојано се појавува со изјави медиумите дека неговиот клиент е решен да го испочитува договорот и да остане Реал до истекот на истиот. Меѓутоа шпанските медиуми се убедени дека Реал ќе го продаде.

Според информациите од Шпанија Реал ќе го продаде Бејл за 55 милиони фунти и тоа е достапна цена за клубови од Премиер лигата од каде што за Бејл постои најголем интерес, барем според она што се пишува во медиумите во Шпанија и на Островот.

Како клубови кои најмногу се споменуваа како негови потенцијални дестианции се неговиот поранешен клуб Тотенхем и Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…