Дома Трансфер зона Перез има нова тешка мета: Тргнува по еден од најважните играчи на Гвардиола?

Перез има нова тешка мета: Тргнува по еден од најважните играчи на Гвардиола?

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид веќе ги одреди приоритетите за следното лето, пишува шпански „Ас“.

Откако го доведоа Килијан Мбапе по долги години напори, во Мадрид се фокусираат на формирање тим за иднината бидејќи во досегашниот тек на сезоната е јасно дека има недостатоци. Пред се, на тимот на Карло Анчелоти им недостига стабилност во средниот ред, а забележливо е и отсуството на Тони Крос.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Затоа, Реал одреди приоритет за следното лето. Ако знаат дека ќе го добијат Алфонсo Дејвис без премногу проблеми, тогаш може да има проблем со примарната цел. Имено, „Ac“ пишува дека Флорентино Перез заедно со Карло Анчелоти и целиот спортски сектор ги насочиле сите ресурси да го доведат шпанскиот играч за врска во своите редови.

Станува збор за Родри кој е еден од најважните фудбалери во системот на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити. Јасно е дека е тешка мета, меѓутоа „АС“ тврди дека Реал ќе се обиде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Бруно до Гарначо: Навистина си глупав📷

Манчестер Јунајтед го победи Саутемптон на гости со головите на Де Лихт, Рашфорд и Гарначо…