Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез наводно е спремен да испрати понуда од 100 милиони евра плус Герет Бејл за напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, пренесуваат шпанските медиуми.
Хари Кејн се етаблираше во еден од најдобрите напаѓачи во Европа, има неверојатна статистика, па Флорентино Перез во него гледа идеален наследник на Кристиано Роналдо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Дон Балон“ пренесува дека Реал Мадрид е спремен во понудата да го вклучи Герет Бејл и додатни 100 милиони евра за да го убеди Тотенхем да ја пушти својата ѕвезда.
Бејл веќе подолго време е во пад на формата, па и самиот сака да ја промени средината, а враќање во Тотенхем за него би била идеална опција.
Од друга страна „Кралевите“ имаат проблем со реализацијата после заминувањето на Роналдо и ќе направат се за да го донесат Кејн на „Сантиаго Бернабеу“.
Англичанецот има 25 години и е на врвот на својата кариера, па би можел од следната сезона да биде прва ѕвезда на тимот.