Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез ја разочарал најголената ѕвезда во тимот и му соопштил дека клубот нема пари за да му даде поголема плата, пренесуваат шпанските медиуми.
Весникот „АС“ информира дека тоа се случило во директен разговор кој двајцата го имале пред неколку месеци.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во моментов Португалецот добива 21 милион евра по сезона, а неговиот најголем ривал Лео Меси во Барселона добива скоро два пати повеќе.
Роналдо е разочаран и не верува во зборовите на Флорентино Перез кој минатото лето беше спремен да потроши повеќе од 100 милиони евра за Килијан Мбапе, а сега е спремен да го сруши светскиот трансфер рекорд.
Перез повторно ќе го сруши светскиот рекорд, овој ЅВЕР пред трансфер во Мадрид https://t.co/MD4wgup1Xf
— Sportski.mk (@Sportski_mk) January 21, 2018
Наводно Перез минатото лето после освојувањето на Лигата на шампиони му ветил на Роналдо дека ќе добие финансиски подобар договор, но тоа најверојатно нема да се случи.
Поради тоа Португалецот е разочаран бидејќи смета дека тој како носител на „Златната топка“ треба да биде најдобро платен фудбалер во светот.