Дома Фудбал Англија Пеп проговори за Алексис – Тргнува ли во нова „офанзива“ за фудбалерот на Арсенал?

Пеп проговори за Алексис – Тргнува ли во нова „офанзива“ за фудбалерот на Арсенал?

После ремито против Кристал Палас, тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола зборуваше и за една друга тема која веќе долго ги интересира навивачите на клубот.

Мрежите мируваа во натпреварот Кристал Палас и Манчестер Сити, „Граѓаните“ ја прекинаа серијата победи во ПЛ, но и поради повреда која ја заработи Хесус во 23 минута останаа без напаѓачот на неизвесно време.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Тој момент дополнително ги подгреваа шпекулациите околу трансфер на Алексис Санчез од Арсенал во Сити, која трае уште од летоска, кога клубот од Етихад нудеше 60. милиони фунти за него.

Нормално, новинарите го запарашаа Пеп и околу тој потенцијален трансфер, но впечаток е дека тој не е оптимист, или само сака да остави таков впечаток.

„Не знам. Тој е фудбалер на Арсенал и мислам дека тамо ќе остане. Ние за два дена веќе играме следен натпревар, а потоа ќе имаме состанок и ќе видиме што е најдобро за нас. Она што сега можам да го кажам е тоа дека Алексис е фудбалер на Арсенал.“ – истакна Пеп Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Флик ја откажа прославата на титулата ако Барселона слави против Еспањол – има и добра причина!

Во четврток вечер Барселона ќе го одигра својот следен натпревар во лигата, а се очекува п…