Дома Фудбал Останато Пеп коментираше за Менди и за неговата зависност од социјалните мрежи

Пеп коментираше за Менди и за неговата зависност од социјалните мрежи

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е задоволен од тоа што повторно може да смета на Менди, кој се опорави од повредата и ќе биде на располагањена екипата по два месеци.

Менди би можел да се врати на теренот во реванш натпреварот во полуфиналето од Лига Купот со Бартон.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Воодушевен сум од Бенџамин. Тажен сум што не можеше повеќе да игра поради повреда. Начинот на кој тренира, како се однесува во соблекувалната, не можете да замислите колку луѓето го сакаат“, изјави Гвардиола.

Сепак, Шпанецот се сврти кон опседнатоста на Менди на социјалните мрежи, каде што е многу активен, можеби и премногу за еден професионален спортист.

„Не сум лут поради тоа. Не можам да го променам неговиот менталитет. Неговиот живот е негов живот. Го знаевме тоа кога го доведовме. Тој ги сака социјалните мрежи. Се обидовме да го убедиме, но не сум му татко. Му зборувам да биде фокусиран на оваа работа, дека е млад и дека може да биде еден од најдобите бекови во светот и дека тоа од него зависи“, изјави Пеп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Легендарниот Буфон поднесе оставка по елиминацијата на Италија од БиХ

Легендарниот Џанлуиџи Буфон, шефот на делегацијата на италијанската репрезентација, поднес…