Дома Трансфер зона Пепе останува во Европа, Италија нова дестинација?

Пепе останува во Европа, Италија нова дестинација?

Во шпанските медиуми последните денови често се пишуваше иднината на дефанзивецот на Реал Мадрид Пепе.

Португалецот е член на Реал Мадрид од 2007 година кога пристигна од Порто, а на крајот на оваа сезона неговиот договор истекува. Шпанските медиуми веќе го “oтпишаа” и сметаат дека Реал нема намера да го продолжи договорот со 34 годишниот фудбалер.


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


Сепак, Португалецот нема потреба да се грижи за својата иднина, бидејќи многу клубови се заинтересирани за неговите услуги. Прво се споменуваше дека би можел да заврши во Кина, но изгледа дека од тоа нема да има ништо.

Шпанците тврдат дека Пепе веќе одлучил да го облече дресот на Интер, а во италијанскиот клуб би се преселил како слободен играч. Интер има нови сопственици и големи амбиции за наредната сезона, а Пепе секако би можел да им биде од корист.

Португалецот оваа сезона одигра 13 натпревари во Примера, постигна два погодоци и запиша една асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Дибала бира меѓу Атлетико и Премиер лигата

Пауло Дибала ова лето најверојатно ќе ја напушти Рома, а како потенцијални дестинации се с…