Битолски Еурофарм Пелистер вечерва објави дека потпишале нов договор со еден од најталентираните македонски ракометари, Петар Атанасијевиќ.
19-годишниот Петар Атанасијевиќ потпиша договор до јуни 2026 година и ќе продолжи со својот развој во Еурофарм Пелистер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Горди сме што заеднички соработуваме со најдобрите млади ракометари во земјата и тоа ќе остане тренд и во иднина. Петар како малолетник пристигна во нашиот клуб, но веќе е изграден ракометар, репрезентативец и сегашност и иднина на Еурофарм Пелистер“, соопштија од клубот.
Задоволство од продолжувањето на соработката истакна и Атанасијевиќ.
„Да се игра во еден ваков клуб и со вакви играчи е голема чест. Догодина се надевам дека ќе напредуваме и пак ќе се се радуваме на трофеи. Секоја чест на екипата за победата над Вардар. Сите дадовме максимумот, и тие кои играа и тие кои не добија шанса. Се гледам во овој клуб и во иднина, и во наредните години. Млад сум и има уште многу време за мене и како ракометар и како личност“, изјави Атанасијевиќ.