Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер загуби од Пик Сегед со 27-28 во осмото коло од групната фаза во ракометната Лига на шампион.
Битолчани постојано бркаа негатива во првото полувреме, кое им припадна на гостите со 15-12, а драмата продолжи и во вториот дел.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пелистер неколку пати успеа да израмни, но немаше сила за пресврт, па на 10 секунди пред крај прими гол од Пик Сегед за осми пораз во ЛШ.
Борзаш беше најефикасен во таборот на Еурофарм Пелистер со шест гола, пет погодоци на дебито постигна Филип Кузмановски, а со четири гола мечот го заврши Жарко Пешевски.
Take a look at the game-winning-🚀 courtesy of 𝐙𝐨𝐥𝐭𝐚𝐧 𝐒𝐳𝐢𝐭𝐚 👇 pic.twitter.com/LFXeccrvwo
— EHF Champions League (@ehfcl) November 22, 2023