Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба сака да го напушти „Олд Трафорд“ ова лето, тврди еминентниот француски весник „Паризиен“.
Изданието додава дека Погба сериозно размислува за идејата да се пресели во Реал Мадрид кај својот сонародник Зинедин Зидан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Главна причина поради ваквата одлука на Погба се амбициите на клубот. Шансите на „црвените ѓаволи“ да се пласираат во Лигата на шампиони не се многу големи и тоа го натерало Французинот да размислува за трансфер во Мадрид.
Погба бил првиот во соблекувалната кој изјавил дека целите на клубот мораат да бидат повисоки и да се борат за титули, па се вложиле односите со тренерот Солскјер.
Инетересно, откако Норвежанецот го презеде тимот Погба игра фантастично и на 19 меча постигна 9 гола и запиша 7 асистенции.
Шпанските медиуми исто така од пред извесно време пренесуваат дека Реал Мадрид веќе работи на трансферот на Погба. Дошло до два телефонски разговори помеѓу Раиола и „кралевите“, а менаџерот ја потврдил желбата на Погба да го напушти Манчестер Јунајтед и да пронајде место во Реал.
Според информациите кои ги има „Марка“ Французинот сака промена и преферира трансфер на „Сантиаго Бернабеу“. Неговото барање од Раиола било јасно и сега тој прави се што е неопходно за да ги задоволи апетите на својот клиент.
Во Манчестер Погба има уште две години од договорот, платен беше 114 милиони евра, а неговата плата изнесува околу 14 милиони евра годишно и тоа не би требало да биде проблем за „кралевите“.