Папу Гомез беше легенда на Аталанта, а во јануари се пресели во Севиља, после конфликт со тренерот Гасперини.
Гомез влезе во конфликт со Гасперини за време на мечот со Митиланд во ЛШ, а после тоа беше тргнат од тимот и во јануари продаден во Севиља.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинецот после неколку месеци реши да проговори и откри шокантни детали. Гасперини се обидел физички да го нападне во соблекувалната.
„Јас признавам дека погрешив. На мечот со Митиланд 10 минути пред полувремето тренерот побара од мене да се преместам на десно крило, а јас одбив. Тоа многу го налути и бев свесен дека ќе ме замени, но на полувреме во соблекувалната се случија полши работи. Тој се обиде физички да ме нападне, а јас тоа не можам да го толерирам“, објасни Гомез.
„Побарав средба со претседателот Перкаси, му кажав дека јас направив грешка, но побарав Гасперини да се извини. Јас се извинив пред сите, а тој не. Што значи тоа? Дека јас сум виновен, а тој не? Тогаш кажав доста е и започна „војна“, па бев исфрлен од тимот. За среќа Севиља покажа интерес и се преселив во Шпанија“, додаде Аргентинецот.
Papu Gomez explained how an alleged physical 'attack' by manager Gian Piero Gasperini after he disobeyed tactics led to the cult hero leaving Atalanta 🤯 pic.twitter.com/eHYTdE17kI
— Goal (@goal) August 18, 2021