Maкедонската фудбалска легенда Дарко Панчев гостуваше во новата епизода „Спортлајт“ во која зборуваше на повеќе теми.
Панчев во дел од интервјуто ги спореди неговите почетоци со денешната ситуација во фудбалот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Никој во денешниот фудбал не треба да се жали дека нешто му фали. Кога ќе се вратам назад и ќе споредам што имавме ние – да не имавме некои добри услови? Трениравме на терени во кал со никакви топки. Копачки немаше од каде да купиме. Кога ќе видам денешниот млади фудбалери како се опремени со убави копачки, добри топки, терени…Како манекени се“, изјави Панчев.
Во својата кариера Панчев најголема трага остави во дресот на Црвена Звезда.