Македонија утре ќе ги одмери силите со Ерменија во Лигата на нации и се наоѓа пред императив победа на домашен терен.
Од таборот на македонската репрезентација не криат дека ова за нас е најважниот дуел во групата, особено после гостинската победа над Гибралтар.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Се подготвуваме како и за сите други натпревари. Сметам дека максимално спремни ќе влеземе во дуелот. Оваа пресметка е најзначајна во нашата група. Ерменија е квалитетна селекција, но ако ние бидеме на нашето ниво, ќе успееме да оствариме позитивен резултат, изјави капитенот Горан Пандев.
„Ова е најзначајниот натпревар за нас, сметам дека добро го анализиравме противникот и подготвени ќе влеземе во дуелот. Мене ми е важно како ќе функционира мојот тим. Ако функционираме како на претходните натпревари, не гледам причина зошто да не го добиеме овој меч“, изјави селекторот Ангеловски.