Дома Македонски спорт Мак фудбал Пандев и Ангеловски со поддршка за Несторовски: Брат мој, ќе се вратиш уште посилен!📷

Пандев и Ангеловски со поддршка за Несторовски: Брат мој, ќе се вратиш уште посилен!📷

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски дефинитивно ќе остане без сонот да заигра на Европското првенство ова лето.

Денес Несторовски имаше детални прегледи кај докторот Маријани во Рим, а вестите се лоши – ќе мора на операција на вкрстените лигаменти.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Тоа значи дека Несторовски ќе мора да паузира неколку месеци, што ќе биде големо разочарување за напаѓачот бидејќи ќе го пропушти Европското првенство.

Веднаш со поддршка за Несторовски се јавија капитенот Пандев, селекторот Ангеловски и останатите репрезентативци.

„Брат мој, те познавам долги  години и убеден сум дека ќе се вратиш посилен“, напиша Пандев на Инстаграм.

„Нема предавање. Мораш да се вратиш посилен“, напиша Ангеловски на Инстаграм.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…