Фудбалската асоцијација на Англија го обвини играчот од средниот ред на Вест Хем, Лукас Пакета за четири наводни прекршувања на правилата за обложување.
Англичаните утврдиле дека Пакета во четири наврати намерно добил жолти картони. Медиумите пишуваат дека доколку Пакета не ја докаже својата невиност може да добие суспензија од 10 години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Истрагата за Пакета започна уште во септември минатата година по извештаите за сомнителни облози во врска со жолтиот картон на играчот од средниот ред на Вест Хем во првото коло од веќе завршената сезона 2023/24.
Бразилски медиуми, кои внимателно го следат случајот, тврдат дека Пакета, под закана од бразилската мафија, бил принуден да ги добива жолтите картони.
Еден од шефовите на бразилското подземје упатил серизно закани до Пакета и неговото семејство дека поради големиот број на уплати мора да добие жолти картони.
🚨 Lucas Paqueta could be looking at a 𝟭𝟬 𝗬𝗘𝗔𝗥 𝗕𝗔𝗡 from football if found guilty of the alleged offences.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 24, 2024
(Source: @MailSport) pic.twitter.com/2YBuh3hSa4