Аргентинскиот дефанзивец, Пабло Забалета ќе го напутши Манчестер Сити на крајот од оваа сезона.
Забалета е долги девет сезони член на Сити, на „Етихад“ пристигна од Еспањол, но на крајот од оваа сезона ќе дојде времето за разделба.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Аргентинецот, според пишувањата на италијанските и англиските медиуми, има три опции. Тоа се, како што од претходно се знаеше, Вест Хем и Рома, но во трката се вклучи и Милан. Росонерите целосно ќе го променат тимот во овој трансфер период, а дефанзивниот ред сакаат да го засилат од најдобрите бекови од Премиер лигата последниве години.
Потсетуваме, Забалета кариерата ја започна во Сан Лоренцо, од каде што се пресели во Еспањол, а во моментов ќе го бара четвртиот клуб во кариерата. За репрезентацијата на Аргентина одигра 58 натпревари.