Репрезентацијата на Холандија веќе неколку години наназад е во голема криза, а дилема е и дали ќе се пласираат на СП кое следната година ќе се игра во Русија.
Холанѓаните по СП во 2010. година во кое играа во финалето, а потоа и СП во Бразил одлучија да направат смена на генерациите, но тоа не им успеа. Селекторите кои ја водеа Холандија изминативе години не успеаа баш со младите играчи да го остварат она што се очекуваше.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поради тоа нејасно е дали Хоналдија ќе се пласира на СП во Русија бидејќи моментално се наоѓаат на третата позиција во групата со Франција и Шведска. Искусниот стратег, Дик Адвокат одлучи во пресудните дуели да се потрпе на довербата од фудбалерите.
Имено, селекторот на Холандија пред дуелите со Франција и Бугарија во екипата одлучи да го врати најдобриот стрелец на оваа селекција, Робин Ван Перси. Овој искусен напаѓач не играше две години за репрезентацијата за која постигна 50 погодоци, а одигра и 101 натпревар.
Навивачите на „Лалињата“ се надеваат дека враќањето на Ван Перси ќе смени нешто.