Седумкратниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер веќе четири години на големо се бори за својот живот.
Легендарниот Германец, на 29. септември 2013. година во Франција доживеа несреќа од која претрпе тешки повреди на главата, па неколку месеци беше во кома.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Борбата за неговиот живот и потоа продолжи. Семејството се грижи за неговото здравје, а менаџерот на германскиот возач, Сабин Кем даде барем мали охрабрувачки вести за сите навивачите на легендата на Ф1.
„Сите веќе одамна знаат во каква состојба е Михаел по несреќата. Знам дека сите ги интереисра каква е неговата состојба. Постои напредок, но сосем мал“, потврди Кем.
Изминативе месеци имаше многу информации околу него. Познато е дека е закован за креветот и дека поради тешките повреди мозокот му е како билка.