Со завршувањето на натпреварувачката сезона во МЛС лигата легендарниот италијански дефанзивец, Џорџо Кјелини објави крај на кариерата и веднаш се шпекулираше за негово враќање во Јувентус, сепак тоа засега нема да се случи.
Имено, првата работа надвор од теренот Кјелини ќе ја има во САД каде што ќе работи како тренер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лос Анџелес клубот каде што ја заврши кариерата соопшти дека Кјелини ќе биде дел од стручниот штаб и ќе се грижи за развојот на фудбалерите од првиот тим.
„Благодарни сме што Џорџо последните 18 месеци како играч ги помина во Лос Анџелес. Во тој период покажа како треба да се бранат боите на клубот. Тој е неверојатен лидер и фантастична личност, затоа очекуваме да биде сериозно засилување во нашиот стручен штаб“, објави клубот од МЛС лигата.
📰 Legendary defender and former #LAFC player Giorgio Chiellini will remain with LAFC as a Player Development Coach.
— LAFC (@LAFC) January 16, 2024
🔗 https://t.co/qpgB2fP2so pic.twitter.com/FFNChsd6mL