Дома Топ вести Официјално: Челзи купи бек од 50 милиони фунти

Официјално: Челзи купи бек од 50 милиони фунти

Бен Чилвел од денес е нов играч на Челзи откако „сините“ на Лестер платија сума од 50 милиони фунти.

Чилвел е трето поголемо засилување за Френк Лампард после Тимо Вернер и Хаким Зијеш. До сега клубот потроши 130 милиони фунти, а се очекува наскоро да пристигне и Тијаго Силва како слободен играч.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Среќен сум што потпишувам со Челзи. Едвај чекам да бидам дел од тимот што го води Френк Лампард, се надевам дека наскоро ќе можам да играм пред полн Стенфорд Бриџ“, изјави 23 годишниот Англичанец на претставувањето.

Во официјалната објава на Челзи нема информации колку ќе заработува Чилвел, но се шпекулира за сума од 150.000 фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…