Тоа што утрово одекна како бомбастична вест, сега доби официјална потврда – Луис Хамилтон потпиша за Ферари.
Хамилтон по завршувањето на сезоната 2024 ќе го напушти Мерцедес и ќе се пресели во Ферари, потврдија германскиот и италијанскиот тим.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Ова е вистинско време е да го направам овој чекор и возбуден сум што преземам нов предизвик. Засекогаш ќе бидам благодарен за неверојатната поддршка на моето семејство Мерцедес, особено на Тото за неговото пријателство и лидерство и сакам заедно да завршиме на високо ниво“, изјави Хамилтон.
Team Statement
— Scuderia Ferrari (@ScuderiaFerrari) February 1, 2024
Scuderia Ferrari is pleased to announce that Lewis Hamilton will be joining the team in 2025, on a multi-year contract. pic.twitter.com/moEMqUgzXH