Eкипата Фулам попладнево го потврди трансферот на Курзава.
Нов играч на повратникот во Премиер лигата е Лајвин Курзава кој пристигнува од редовите на Пари Сен Жермен. Курзава не можеше да се избори за место во тимот во силната конкуренција, па сезоната ќе ја помине како позајмен фудбалер во Премиер лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак ПСЖ не се откажал во целост од неговите услуги затоа што англискиот тим ќе нема право на откуп. Ова значи дека ако клубовите дополнително не се договорат по завршувањето на актуелната сезона тој ќе се врати во Париз.
It’s time to #FeelThePawa. 💥#FFC pic.twitter.com/8sCghJUFJX
— Fulham Football Club (@FulhamFC) September 1, 2022