Агентот Кристоф Хентротај демантираше дека голманот на Челзи , Тибо Куртоа е во преговори со ПСЖ.
Белгиска телевизија објави дека ПСЖ почнал преговори со Куртоа и дека фантастичниот голман веројатно на лето ќе го напушти Лондон, но сега пристигна и демант.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Никогаш не сум слушнал за тој состанок. Ако некој клуб го сака Куртоа, знае што мора да направи – да најде договор со Челзи и потоа да разговара со мене за да проверат дека клиентот е заинтересиран да премине во друг клуб“, истакна агентот.
„РТБФ е мал ТВ канал во Белгија кому понекогаш му требаат вакви работи за да го оддржат во живот, но информациите не се точни и тоа ви го гарантирам“, додаде агентот на Белгиецот.
Со оглед на тоа дека Трап и Ареола не импресионираа оваа сезона во дресот на Парижаните, клубот од „Паркот на принцовите“ на лето бараат нов чувар на мрежата.