
Eкипата на Тотенхем доби засилување од Барселона.
Лондонскиот тим е посилен за Емерсон Ројал, фудбалерот кој игра како десен бек. Според информациите на медиумите „петлите“ за него платија 30 милиони евра.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Арсенал исто така го сакаше овој фудбалер, но на крајот Тотенхем дојде до неговиот потпис.
Нуно Еспирито Санто беше во потрага по десен бек затоа што Орие кај него не е во прв план.
Емерсон Ројал претходната сезона играше во Бетис, а Барселона ја искористи опцијата според која можеше да го откупи за девет милиони евра. Сега го продаде за 30 и искористи прилика да заработи.