Она што се најавуваше минатата недела сега доби официјална потврда. Луис Суарез потпиша нов петгодишен договор со Барселона и ќе остане верен на каталонскиот гигант до 2021 година.
Уругваецот за сума од 83 милиони евра пред две години на стигна „Ноу Камп“ од Ливерпул, а за Блауграна има постигнато 97 голови на 116 одиграни натпревари.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Барселона оваа есен ги продолжи договорите со двајца од тројцата клучни играчи во тимот, пред Суарез тоа го направи Нејмар, а откупната клаузула во договорот на Уругваецот изнесува 200 милиони евра.
На „Ноу Камп“ сега работат на продолжување на договорот со Лионел Меси, а според најавите на медиумите Аргентинецот ќе заработува 35 милиони евра по сезона.