Манчестер Сити денес официјално го претстави новото засилување, Савио Мореира, кој доаѓа од Џирона.
Савио минатата сезона воодушеви во шпанската Ла Лига со дриблинзите и постигна 11 гола и 10 асистенции на 41 натпревар.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Договорот беше постигнат во февруари, а сега на Пеп Гвардиола ќе да одлучи дали да го задржи одличниот дриблер или да го испрати на нова позајмица.
Не се знае колкава ќе биде отштетата бидејќи под ист сопственик се Манчестер Сити, Џирона и Троја. За потсетување, Џирона стана дел од Сити фудбалската групација во 2017 година. УЕФА тогаш дозволи една група да поседува повеќе од еден клуб во европскиот фудбал.