Искусниот француски фудбалер, Самир Насри е новото засилување за Вест Хем, беше потврдено вчера на официјалната страна на клубот.
Насри се договори со Вест Хем за соработка до крајот на сезоната. Французинот во новиот клуб ќе го носи дресот со број 18.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ме привлече клупскиот проект и големите амбиции кои Вест Хем секако ги има. Овој клуб игра на Олимпискиот стадион и секоја недела го гледаат 60.000 луѓе..Зарем може да има поголема мотивација од тоа“.
„Мислам дека Вест Хем ги има сите предиспозиции да биде еден од најдобрите клубови, не само во Лондон туку и во цела Англија“, изјави Насри.
Самир Насри израсна во Марсеј, а во текот на кариерата настапуваше за Арсенал, Манчестер Сити, Севиља и Анталиспор.
Во Премиер лигата вкупно одигра 215 натпревари и два пати ја освојуваше титулата со Манчестер Сити (2012 и 2014).