Дома Македонски спорт Мак ракомет Официјално: Савевски повеќе не е селектор на ракометарките!

Официјално: Савевски повеќе не е селектор на ракометарките!

Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе бара нов селектор откако утрово Ракометната федерација на Македонија потврди дека ја прекинуваат соработката со Љубомир Савевски.

„Ракометната Федерација на Македонија ја известува јавноста дека македонската куќа на ракометот и г. Љубомир Савевски, на 05 мај 2023 г., взаемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на женските македонски ракометни категории“, објавија РФМ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Савевски селектор на ракометарките беше од јуни 2021, а ги водеше на Европското првенство на кое учествуваме како ко-домаќини. Функцијата ја напушта откако во двомечот со Украина не успеавме да се избориме за уште еден пласман на континенталниот собир.

Засега не е познато кој ќе биде наследникот на Савевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…