Дома Топ вести Официјално: Роналдо е играч на Јувентус!

Официјално: Роналдо е играч на Јувентус!

Стигнуваа потврди од сите страни, а сега конечно пристигна и официјализација. Кристиано Роналдо е нов фудбалер на Јувентус!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ова преку официјално соопштение го потврди Реал Мадрид, а неколку минути подоцна истото го направи и Јувентус.

Трансферот на официјално најдобриот фудбалер на светот изнесува 105 милиони евра, а Роналдо ќе потпише 4-годишен договор со „старата дама“ вреден 120 милиони евра.

Претседателот на Јувентус Андреа Ањели моментално е во Грција со официјалниот фотограф, па наско се очекуваат првите фотографии на Роналдо во дресот на Јувентус.

Роналдо се очекува во наредните денови да пристигне во Торино, а за следната недела е закажана гламурозна презентација како нов фудбалер на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…