Реал Мадрид и Рома потврдија денес дека Борха Мајорал во наредните две сезони ќе го носи дресот на римскиот клуб.
Римскиот клуб постигна договор со Реал за позајмица на 23 годишниот напаѓач и тој ќе го засили офанзивниот дел од тимот и ќе му биде конкуренција на Един Џеко.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мајорал во Реал е од 2015 година, настапуваше и во младинските категории, но за првиот тим не се наигра премногу.
Претходно беше позајмуван во екипите на Волфсбург и Леванте во Реал се врати на почетокот на оваа сезона. Сепак не се задржа, после два натпревари во кои играше одлучено е да оди во Рома.
? Benvenuto all'#ASRoma, @Mayoral_Borja ?? pic.twitter.com/cjduS9rUo1
— AS Roma (@OfficialASRoma) October 2, 2020